На 24 и 25 април се одржа онлајн натревар „Образовно рандеву 2020 – МАССУМ” на платформата на Универзитот ФОН поради вонредната состојба, на кој учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски учествуваа во 4 категории , Во конкуренција на 60-тина средни училишта од цела Македонија во категоријата најдобар филм, ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои 3 место и бронзен медал за филмот „Мој живот, моја цел“ во режија на ученикот Дарко Соколески, а во кој играат актерите Ерол Брзев, Менче Нестороска, Димитар Дуноски, Марко Настески, Ангел Стојчески, Елда Кадриу и учениците од класот I-3.
И во вонредна состојба учениците освојуваат награди и тие се херои во ова време-невреме. Со труд и верба може да се постигне сѐ во животот и треба да се работи на својот сон, својата цел, за да се успее во животот. Нивното детско актерско лице е најбогатиот извор во филмот во кој „живеат и можеме од нив да читаме“. А, пак кај гледачите успеваат да ги поттикнат нивните асоцијации да откријат на метафорички начин што се крие зад недопирливите ѕидови на општеството и светот на младите и самите да ги дадат одговорите на многу прашања. – велат од училиштето.
Ученикот Николче Ангеловски, пак, со говорот „Стоп за корупција“ се натпреваруваше во категоријата Јавен говор и го освои 6-то место, додека со песната „Македонско тло“ во категоријата Најдобра поетска творба 9-то место.
Ученичката Сара Џелили со песната „Молитва“ во категоријата Најдобра поетска творба го освои 28-то место.
На тема „Емоција во изолација” ученикот Дарко Соколески се пласира на 16-то место во категоријата „Најдобра фотографија“.
Честитки за учениците, менторот проф. Божиновски и Универзитот ФОН. Голема благодарност за посветеноста и ангажирнаоста кон МАССУМ стекнувајќи се со огромно искуство и во ваква вонредна состојба за развивање на комуникациски и организациски вештини за успешен професионален развој и кариера на самите ученици. – истакнуваат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.
OhridNews