Тројца натпреварувачи кои ги исполнија условите за учество во борби во кадетска категорија и двајца судии од Таекводно клубот „Хваранг Фист“ учествуваа на меѓународен Таеквондо турнир во олимписко теквондо „Астерикс куп 2023“, кој се одржа изминатиот викенд во Ниш, Р. Србија.
Петар Петкоски беше првиот претставник од охридскиот клуб кој после изгубената прва рунда успеа да се врати добивајќи ја втората рунда, но, во третата рунда изгуби заради поголем број опомени и не се пласира во понатамошниот дел од борбите за медал.
Ѓорѓи Петкоски вторниот претставник во кадети -40 кг ја изгуби борбата во последните стотинки од борбата, иако водеше со 2 поени до 0.76 стотинки пред крајот, што само покажува дека борбата се води до крајот.
Ненад Целески последниот натпреварувач се закити со бронзен медал во најтешката кадетска категорија + 65 кг. После победата над противникот од Молдавија, изгуби од претставникот на Грција, кој понатака го освои првото место во оваа категорија, велат од клубот.
На еден од најјаките турнири во Европа учество зедоа 1609 натпреварувачи од 30 земји од целиот свет.
Тројцата наши натпреварувачи се кандидати за репрезентација за Европското првенство за кадети во октомври во Р. Србија. Ова е четврт турнир за месец дена за нашите напреварувачи, а ни претстојат уште три до крај на овој дел од сезоната. Веќе во петок 26 мај заминуваме во Улцин, Р. Црна Гора. И покрај пеколното темпо продолжуваме со припреми за наредните натпревари, додаваат од клубот „Хваранг Фист“.
OhridNews