Охриѓанецот Илија Спасески донесе значаен успех за боречките вештини во Охрид освојувајќи го бронзениот медал на Изборното пренство во борење во слободен стил до 74 килограми.
Спасески во Скопје настапи како борец на клубот за боречки вештини Лирија но тренира во џиу џицу клубот БЈЈ од Охрид и карате клубот „Кун-су-то“.
Освоениот медал на Спасески на Изборното првенство е награда за досегашниот труд на сите но и мотив повеќе за во иднина.
OhridNews