Најдобриот македонски атлетичари на долги патеки Дарио Ивановски се закити со бронзен медал на Балканското првенство, кое се одржува во Белград и Смедерево.
Ивановски трет финишираше на петкилометарската трка со време 14 минути, 2 секунди и 32 стотинки, што пак претставува нов Државен рекорд.
Ивановски нема време за одмор, бидејќи денеска го очекува трка на 3 000 метри.
Од преостанатите три македонски претставници Натура Мало, Дрита Ислами и Јован Стојоски никој не успеа да освои медал. Мало заврши на 21 позиција во дисциплината 100 метри, Ислами заврши на 4-то место на 400 метри со пречки, додека Стојоски финишираше на петтото место во 400 метри.
OhridNews