Во соопштението од Комисијата за хартии од вредност се наведува дека при редовниот надзор на тргувањето на Македонската берза и вонредните контроли на налозите и реализацијата на трансакциите е утврдено дека при реализација на трансакции со обични акции издадени од ЕМО АД Охрид било предизвикано манипулативно зголемување на цената на акциите, со што се создала лажна претстава за таа хартија од вредност на пазарот. КХВ им ја одзела дозволата за работа на двајцата брокери кои ги реализирале трансакциите и не се придржувале кон инструкциите дадени од клиентите. Едниот е вработен во брокерската куќа Мој брокер АД Скопје, а другиот во Бета брокер АД Скопје.
Комисијата на Одделот за работа со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид и изрекла глоба во висина од 4.000 до 5.000 евра и јавна опомена поради недоставување извештај за клиент и непоседување доказ за уредна достава на извештајот.