Ако ви здосади секогаш да пребарувате по таблиците колку калории има она што го јадете секој ден, еве идеја која дефинитивно ќе ви помогне при слабеењето.
Слабеењето обично се поврзува со празниците, прво сакаме да намалиме некој килограм, свесни дека за празниците ќе се претера, а после тоа, повторно слабееме.
До кога? Додека не сфатиме дека прејадувањето не е добро за нас, што отприлика значи никогаш, па еве како најлесно да ги намалите килограмите. Да, звучи како некој екпрес рецепт, но сепак се работи за истражување на сериозен факултет.
Па, ако се грижите за својата линија, обично после некое време почнувате да следите колку калории ќе изедете и се губите во таблиците обидувајќи се да пресметате што всушност имате во чинијата (сега постојат и апликации за смартфони кои тоа го прават наместо вас).
Но, рецептот кој го нуди научната екипа е многу попрактичен и поедноставен, а тие тврдат и поефикасен – бројте ги залаците.Имено, логиката е едноставна-луѓето најчесто јадат ограничен број јадења и ќе биде доволно едно броење за секое јадење и ќе знаете во колку залаци сте го изеле. Наредниот пат, намалете го бројот на залаци, вишокот храна оставете го за следниот ден или за вечера, и ете неколку килограми помалку, откако ќе го преброите своето јадење.
извор:metro-portal.hr