Во погодените региони e прогласена вонредна состојба. Голем број згради, куќи и патишта се разурнати, во прекин се телефонските врски и електричната енергија, а паника и страв сеат и бандите кои започнаа да ги пљачкосуваат дуќаните.
Во разорниот земјотрес со јачина од 8.8 степени според Рихтер, најмногу настрада градот Консепсион со 670.000 жители. Без покрив над главата се околу 1,5 милиони граѓани, а многу луѓе не се враќаат во своите домови поради страв од евентуални нови потреси.
Чилеанскиот брег вчера го зафати и цунами со висина од 2,34 метри, но нема информации за евентуални жртви.
Помош за настраданите подрачја најавија САД и ЕУ.