Во Добој вчера е пронајдено уште едно тело на помлад маж за кого е утврдено дека се удавил во поплавата, која минатата седмица го погоди овој град, со што вкупниот број на жртвите од невремето во Босна и Херцеговина се искачи на 23.
Претходно во саботата беше објавено дека е пронајдено тело на еден давеник во градот Домаљевац, во Босанска посавина.
Истовремено се покажа дека најмногу смртно настрадани има токму во општината Добој каде се удавиле вкупно 11 лица. Во Република Српска има 20 жртви, а другите три се на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина.
OhridNews
„Макфакс“