Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес што вчера утро околу 3.30 часот ја зафати областа Абруцо во централна Италија, расте од час во час. Светските медиуми вечерва пренесоа информација дека бројот на загинати се зголемил на 179, меѓу кои има и четворица државјани на Макединија, од кои две се деца.


Се стравува дека бојот на жртвите може да биде поголем бидејќи спасувачките екипи сеуште трагаат по исчезнатите лица под урнатините, а голем број тешко повредени се наоѓаат во болниците.


Епицентарот на  земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, е во областа Аквила, каде се урнаа многу згради, а италијанската влада прогласи вонредна состојба. Околу 50.000 од вкупно 70.000 граѓани на Аквила останаа без покрив над главата, недостига питка вода, а локалната болница не може да ги прими сите повредени, поради што дел од нив се лекуваат под ведро небо.

Ohridnews