Бројот на загинати во земјотресот во Мексико се искачи на 61. Спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани. Претседателот на Меиксико, Енрике Пења Нето, соопшти дека 45 лица загинале во Оаксака, 12 во Чиапас и четири во Табаско, каде меѓу жртвите имало две деца. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе расте, а исто така стравуваат и од нов земјотрес.

Во меѓувреме, Националниот центар за урагани на САД, соопшти дека ураганот Катја, кој поминува низ истокот на Мексико, би можел да предизвика поплави и свлечишта кои што би можеле да бидат смртоносни, особено во планинските предели. Земјотресот што завчера го погоди Мексико беше со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала, и се смета за најсилен во последните 100 години. Посилен дури и од земјотресот кој го потресе Мексико Сити во 1985 година кој нанесе огромни штети.

Мексико се наоѓа на пет тектонски плочи, што ја прави земјата исклучително погодна за земјoтреси.

OhridNews
Макфакс