Бројот на жртвите од цунамито што го погоди западниот брег на индонезискиот остров Суматра според најновите податоци се искачи на  370 лица, пренесоа светските медиуми. Се стравува дека бројот на жртвите не е конечен, затоа што за исчезнати се уште се водат над 300 лица.

Висината на цунами брановите што ги предизвика земјотрес од 7,2 степени според Рихтер е непозната затоа што опремата на националнаta хидрометеоролошка служба била застарена, а не функционирал ниту системот за предупредување од цунами.

Додека се бројат жртвите од разорното цунами, на жителите на оваа островска земја им се заканува и друга опасност. Синоќа е регистрирана втора  ерупција на вулканот на планината Мерапи на островот Јава, но засега нема информации за човечки жртви. Првата ерупција однесе 34 човечки животи, а 11 000 луѓе беа евакуирани.

OhridNews