Лекарите вчера ги извадиле стотиците пациенти на улиците на главниот град Катманду, кога последователен земјотрес ги потресе болниците и зградите веќе оштетени во саботниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 2.500 луѓе, јавува „Макфакс“.

Властите објавија дека загинале најмалку 2.460 луѓе, а според полициски извори повредени се 6.492 лица. Најмалку 1.100 загинале во главниот град Катманду.

Непалските власти претходно потврдија дека бројот на загинати достигнал 2.350 луѓе. Бројките во соседните земји исто така се променија, па така во Индија се регистрирани 66 жртви, а останаа исти во Банлгадеш – две и 17 загинати има на Тибет. 

Во лавината којашто го предизвика земјотресот вчера, загинаа и 17 алпинисти на Еверест, што е најголемиот број загинати на највисоката планина на светот во некоја несреќа досега.

Извештаите на медиумите прикажуваат снимки од болни и повредени кои лежат на улицата пред универзитетската болница во Катманду, Лекарите по неделниот силен потрес, беа принудени пред болниците да подигнат шатор во кој е инсталирана ткн полска операциска сала, за да можат да им пружат помош на најзагрозените.

Вчерашниот последователен потрес со магнитуда од 6,7 степени по Рихтер предизвика дополнителни лавини на Хималаите, по саботниот со магнитуда од 7,9 степени кој ја предизвика најголемата несреќа на Монт Евересет од оној во 1934 година кога загинаа 8.400 луѓе.

„Тука имаме само една сала за операции, а би ни требале уште најмалку 15„, вели хирургот ортопед Дипендра Пандеј, додавајќи дека од саботата со соработниците извеле 36 многу тешки операции. Функционерите известуваат дела приватните и државните болници се преполни, како и дека на пациентите им се пружа помош и надвор од нив.

Соседните земји испратија воени авиони со санитетска опрема, вода за пиење, но хуманитарните агенции имаат тешкотии да се организираат во тешките услови. Дополнителен проблем претставува облачното време, а новиот силен потрес привремено го блокираше аеродромот во Катманду. Поради лизгање на земјиште и одрони блокирани се и многу патишта во земјата.

OhridNews
Извор:„Макфакс“