Околностите под кои се случи тешката сообраќајна несреќа во која загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески,  како и првичните проценки дека возилото со кое тој патуваше за Загреб се движело со околу 200 километри на час, се големо предупредување дека треба многу посериозно да се работи на подигањето на сообраќајната култура особено кај младите, смета општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, кој средбата со новинарите ја започна со минута молчење во знак на почит кон трагично загинатиот Тоше.

 
Општинскиот Совет за безбедност

Општинскиот совет за безбедност -ОСБ, ја промовираше сообраќајно воспитната акција „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ и најави  почести активности во училиштата, како и формирање на граѓанска единица за безбедност во сообраќајот за заштита на најмладите во сообраќајот.

Сведоци сме на секојдневното кршење на сообраќајните прописи и тоа мора да сопре, рече Верољуб Василески, претсеадател на ОСБ. Тој рече  дека институциите не треба како досега да работат само кампањски туку треба заедно со родителите сериозно да се поработи на превентивата како најдобра заштита на децата во сообраќајот.

СВР Охрид соопшти дека сообраќајните несреќи во централното градско подрачје каде и најмногу се движат децата, во 2007 се двојно намалени во однос на претходната година. Тоа не важи и за сообраќајот надвор од Охрид каде годинава се случија многу фатални сообраќајни несреќи со човечки жртви.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција, вчера во центарот на градот  се одржа показна вежба за основците од охридските училишта.


децата треба подобро да ги чуваме

ohridnews