На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во февруари биле превезени  1.672 патници, што е зголемување за 70,6 отсто во однос на истиот месец минатата година кога на овој аеродром биле регистрирани 980 патници, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

На охридскиот аеродром минатиот месец регистрирано е зголемување на бројот на воздухопловни операции за 14,3 отсто во однос на истиот период минатата година.

Вкупно на скопскиот и охридскиот аеродром во февруари биле превезени 36.153 патници , што претставува пораст од 3,3 отсто во однос на истиот период во 2009 година.

OhridNews