Во периодот јануари-февруари 2015 година на Охридскиот аеродромот „Свети Апостол Павле“ е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година.
Според информациите од Министерството за транспорт и врски, во текот двомесечниот период биле превезени 3.092 патници, што е за 524 патници повеќе од истиот период во 2014 година, кога биле превезеин 2.568 патници. Тоа значи дека е евидентирано зголемување на бројот на патници за 20,4%.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во првите два месеци од годинава биле регистрирани вкупно 168.418 превезени патници што е за 31,9% повеќе од истиот период во минатата година, кога биле превезени 127.696 патници.
Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за јануари и февруари се: Истанбул 15 %, Цирих 8,6 %, Базел 6,4 %, Виена 6,3 %, Малме 6%, Лондон со 5,5 % и Минхен 4,9%.
OhridNews