Бројот на милијардери ширум светот во изминатава година пораснал за седум проценти, нивното богатство за 12 проценти, а Европа ја истиснала Северна Америка од првото место според бројот на најбогати, покажало истражувањето на компанијата „ Wealth-X“ и швајцарската банка UBS. Милијардери вкупно има 2325, за 155 повеќе, чие вкупно богатство се проценува на 7300 милијарди долари. Нивното богатство е поголемо отколку што изнесува пазараната вредност на сите компании чии акции се содржани во Дау Џонс индексот на Волстрит. Според тој извештај, Европа има најмногу милијардри, 775, а потоа следува Северна Америка, која ја изгубила минатогодинешната прва позиција.
Азија, од друга страна, регистрирала најголем раст во бројот на мијардери, па така од 2013 до 2014 година во тој регион е забележан пораст од 18,7 проценти. Само во оваа година 52 нови милијардери се придружиле на клубот супер богати во Азија, од кои 33 се од Кина. Гледано по земји поединечно, САД сеуште е на првото место со 571 милијардер, потоа следува Кина со 190, па Велика Британија со 130, Германија со 123. Најновиот извештај покажува дека просечната старост на милијардерите е 63 години, како и дека меѓу нив има само 286 жени.