Денот на незавизсноста – 8-ми Септември градот Охрид ќе го одбележи со низа манифестации.

По повод празникот најавено е пуштање во употреба на патот  Горно Лакочереј- Лескоец. Во расадникот свечено ќе биде означен почетокот на изградбата на оранжериите на ЈП „Охридски Комуналец“, а во населбата Кошишта во употреба ќе биде ставена пешачката патека Кошишта -Горна Порта.

Со свеченост што ќе се одржи кај Св. Софија во вторник свечено ќе биде предаден во употреба мостот кој ги спојува плажата „Потпеш“ и месноста  Грдано.

Традиционалниот меѓународен атлетски Маратон што го организира Атлетскиот клуб „Охрид“ со поддршка на Локалната самоуправа е настан во склоп на Програмата за одбележување на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија. Стартот на трката е во 10 часот во „Свети Наум“. Целта на маратонците е на градскиот кеј, пред хотел „Ривиера“.

Свеченостите ќе бидат заокружени со етно-музичка вечер во Центарот на култура каде ќе биде претставен проектот „Еврорегион -Евробалкан“: град Ниш – град Охрид. Во рамки на свеченоста ќе настапи естрадната ѕвезда Снежана Спасиќ.

Ohridnews