Во рамки на работната  посета во  Израел,  градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера  присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелска интернационална конференција на градоначалници што се одржа во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим. На конференцијата градоначалникот  Бакрачески оствари средба со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и со претседателот на Американско- Еврејскиот Конгрес, Џек Росен.

Во текот на вчерашниот ден  градоначалникот Бакрачески во Тел Авив оствари работна средба во двете водечки израелски компании во ИТ секторот Нес и Гет  , менаџерите Мајкл Зиндерман и Макс Красник. Работниот ден беше завршен со посета на најголемата компанија за менаџмент на отпадни води Штанг  , којашто  е од интерес за Охрид и Охридското  Езеро во поглед на заштита на водите и санација на колекторскиот систем.

Посетата на Израел продолжува денес  во градовите Јокнем и Хаифа каде Бакрачески ќе оствари средби со градоначалниците на овие два градови и ќе посети неколку ИТ компании како и светската компанија за дијагноза и третман на срцеви аритмии Биосенс Вебстер.

Утре  во рамки на конференцијата Бакрачески ќе се сретне со израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху и градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.

OhridNews