Викендов, во просториите на СОУ „ Св.Климент Охридски” се одржа триесет и седмиот регионален натпревар по математика. На натпреварот талентираните ученици од западниот регион имаа можност да ги покажат своите знаења од областа на математиката и да се натпреваруваат со други ученици кои се на нивна возраст.Учествуваа 128 ученици: 46 ученици од прва година, 41 од втора година, 29 ученици од трета година и 12 ученици од четврта година.
Учениците од СОУ „Св. Климент Охридски“ , предводени од нивните ментори , успешно се претставија освојувајќи голем број награди и пофалници.
Тројца ученици од прва година, под менторство на проф.Добрила Каланоска,Ива Томеска, Поликсена Тунтева, Климентина Коваческа добија пофалници.
Учениците од втора година и нивниот ментор проф.Александра Томоска освоија: Мартина Трифуноска – прва награда, Милјана Шулајковска – трета награда, а учениците Марија Иваноска, Ивана Суклоска, Милан Крстевски, Стефан Маринчески, Тамара Митреска и Емилија Целеска добија пофалници.
Учениците од трета година предводени од нивниот ментор проф.Валентин Чачор со себе понесоа: Теодора Бујароска – прва награда, Виктор Домазетоски – втора награда, Дамјан Пециоски – трета награда.
Учениците Лилјана Велјаноска и Ѓорѓи Кирков од четврта година, под менторство на проф.Сузана Недеска Маркоска, добија пофалници.
OhridNews