На првиот Бреинобреин-Абакус натпревар во Хрватска, кој на 7 март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид.

Десет охридски млади генијалци од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од  Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од  интернационалната  Бреинобреин програма.

Бројната публика со воодушевување ги поздрави децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пееја,танцуваа, правеа оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот на Бреинобреин програмата за Европа, Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот беше истакнат како позитивен пример на успешен и напреден бреинобреин центар во овој дел од Европа.

Особена беше гордоста кога на БОБ-Црвен крст Охрид  центарот и на децата учесници на Бреинобреин фестивалот во Хрватска им беа доделени посебни награди и признанија.

OhridNews