Охриѓани и туристите синоќа имаа можност да ги проследат бројните атракции во рамки на годинашното , второ издание, на „ Баскерфест“ , што се одржаа на градскиот плоштад и плоштадот „ Чинар“.
На градскиот плоштад први настапија членовите на бендот „Барбаросса“ кои изведоа музички перформанс, по што следеа акробации на жица на светски познатиот артист Цхрис Булл. Присутните имаа можност и да проследат изведби на жонглери како и шоу со оган.
Манифестацијата „ Баскерфест“ што започна вчера ќе трае до 5-ти јули.
OhridNews