По повод објавувањето на 10.000-та вест на нашиот интернет портал во нашата редакција денеска пристигнуваат голем број честитки. Една од нив е и од нашиот колега и портпарол на општината, Никола Маневски:

Макотрпноста на создавање медиум кој ја има  довербата на јавноста е еднаква на одењето по трнлив пат – ми потврди моето животно искуство како поранешен активен новинар, коментатор и уредник. „Охридњуз“ го помина тој пат многу успешно и брзо што, сметам дека, е резултат на професионалноста, благовременоста и објективноста односно непристрасноста.

Во тоа име ви ги упатувам честитките по повод 10.000 -та објавена информација со желби за уште поголема читаност и со седум бројки заокружени јубилеи на  објавени информации.

Никола Маневски, дипл. политиколог