По прекрасниот концерт на хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“, вечерва, Погорелиќ повторно ќе настапи во оваа црква во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Публиката уживаше во неговиот настап за што сведочеа бројните бисеви, но заради огромниот интерес, овој извонреден светски уметник, по напорите на фестивалската дирекција и вечерва ќе одржи концерт за тие што вчера не успеаја да влезат во „Света Софија“.
Синоќа голем беше и бројот на гости од странство кои специјално дојдоа во Охрид за да го просладат концертот на Погорелиќ. Резервации имаше од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција.
Овој пијанист во текот на осумдесеттите години од минатиот век ја фасцинира светската јавност со своите интерпретации на Шопеновата музика и делата од другите светски композитори.
Вечерашниот концерт на Погорелиќ ќе се одржи со почеток во 21 часот.
OhridNews