Под мототото “Влезете во Светот на хуманоста”, Црвениот  крст од Охрид ќе го обележи Светскиот ден и Неделата на Црвениoт крст.

Во рамки на активностите за обележување, на 7-ми  мај, петок, од 11:30 часот се организра Инфоден и прием во седиштето на Црвен крст Охрид. Во рамки на  приемниот ден сите заинтересирани ќе имаат можност преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите,  да се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст и активностите на Црвен крст Охрид.  На 8-ми мај, сабота во 11 часот делегација на Црвен крст Охрид и Здружението на Анри Динан од Струга ќе положат свежо цвеќе на бистата на Анри Динан во Охрид, пред седиштето на Црвениот крст.

Од 10-ти до 15-ти мај  ќе се организираат заеднички активности со Територијалната противпожарна бригада од Охрид и претставници од “Флориан”, Англија на полето на безбедност на вода и заштита од пожари во непристапни предели. На 15-ти мај, сабота во 10 часот на платото помеѓу обложувалницата Премиер и ТЦ Амам ќе се организира голема крводарителна акција

8 ми мај се обележува како светски ден на Црвениот крст,  во чест на големиот хуманист Анри Динан, кој е основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст.

OhridNews