На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан,  основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а  неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод и под мотото “ВЛЕЗЕТЕ ВО СВЕТОТ НА ХУМАНОСТА“ Црвен крст Охрид организира повеќе активности кои започнуват денеска со ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид каде заинтересираните од волонтерите на организацијата ќе можат да се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст и активностите на Црвен крст Охрид.

На 8ми мај 2010 во 11:00 ч. – делегација на Црвен крст Охрид и Здружението на Анри Динан од Струга ќе положат свежо цвеќе на бистата на Анри Динан во Охрид пред седиштето на Црвениот крст.

Во периодот од  10-15 мај 2010 ќе бидат реализирана заеднички активности со Територијалната противпожарна бригада Охрид и претставници од “Флориан”, Англија на полето на безбедност на вода и заштита од пожари во непристапни предели.

Активностите ќе финишираат на 15 мај 2010 со голема крводарителска акција што ќе се одржи на платото помеѓу обложувалница Премиер и ТЦ Амам.

OhridNews