Во трката за информации, но за жал повеќе за ексклузивност, медиумите известувајќи од големата несреќа што вчера се случи на Охридското Езеро пласираа доста контрадикторни информации. И додека за разногласието околу бројот на загинатите лица, патници и капацитет на бродот што потона донекаде има оправдување во штурите, конфузни и непрецизни информации на надлежните органи(Капетанијата ја немаше никаде), тоа никако не може да се каже за неморалното однесување на медиумските „екслузивци“ кои на јавноста вчера и сервираа некрофилија и грозоморни слики од трагедијата. Сето тоа во битка за малку поголема гледаност или читаност. Некои дури продаваа снимки, други беа заинтересирани да купат, а трети од пуста желба да се докажат и покажат се потрудија да презентираат „ексклузивни“ видеа без да се заштити идентитетот на жртвите.
Во авионските напади на Светскиот трговски центар на фамозниот 9.11 загинаа близу 3000 луѓе, но никој не ги покажуваше нивните безживотни тела како се извлекуваат од рушевините на „WTO“, а без притоа да не се води сметка за чувствата на публиката и пред се на семејствата на загинатите. Ама тоа е Америка.
А, се разбира приказната не е целосна ако ги нема вообичаените тенденцизони известувања на дел од бугарските медиуми кои побрзаа да ја обвинат цела Македонија за големата несреќа. Затоа пак претседателот Прванов како добар дипломат упати благодарност како до македонските институции така и до најобичните граѓани кои помогнаа во спасувањето на бугарските туристи.
Не дека сме совршени ама некои работи имаат црвена линија, која кај нас одамна е премината.
СВР Охрид ја известува јавноста дека, Oтсекот за компјутерски криминал, деновиве бележи зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...
Општина Охрид преку Програмата за култура во делот на Издавачка дејност го реализира проектот „Охридско книжижевно наследство“ Приредувачи на проектот се профд-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоск...
Во буџетот за 2025 година значително ја зголемуваме финансиската поддршка за училиштата за реализација на активности насочени кон развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграц...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.