Во Охрид бројката на здрави деца е многу помала од онаа на родени со проблеми, пишува неделникот „Фокус“ во најновото издание. Неделникот објавува фрапантен податок дека во Охрид во 2009 година на 32 здрави деца имало 308 бебиња родени со компликации.

Во болниците низ земјава најчеста дијагноза е: новороденче со тежина над 2499 грама, родено со проблем. Иако според педијатрите оваа дијагноза во најголем број случаи значи дека се работи за инфекции кои се лекуваат со антибиотици, тоа воопшто не го намалува проблемот кој очигледно постои во гинеколошките оддленеија, а никој со години нема желба да го реши, пишува “Фокус“. Неделникот во сторијата се повикува на годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување кој беше објавен на 26-ти минатиот месец, каде се вели дека во просек, дуру 37 отсто од бебињата во Македонија со тежина поголема од 2500 грама се раѓаат со проблем. Процентот пак на породувања по природен пат кои завршуваат со компликации се движи близу 27 отсто. Алармантно е тоа што во некои болници во земјата, процентот на деца родени со проблеми и породувања кои завршуваат со копликации е многу поголем од случаите кога не се констатирани никакви проблеми, пишува „Фокус“.

OhridNews