-Советот на Општина Охрид непосредно по одлуката на Капетанијата за забрана за пловидба на охридските бродови, донесе заклучок да се ангажираат сите потенцијали во насока на решавање на проблемот кој доведе до таквата ситуација. Во меѓувреме ВМРО ДПМНЕ излезе со информација дека наместо празни заклучоци создала услови за директна средба помеѓу бродарите и Министерот за транспорт, немаше само една средба, имаше две средби без резултат. Сезоната завршува проблемот не е решен. Бидејќи се работи за Министер за транспорт кој бара одговор на тој наш заклучок и имајќи предвид дека постојат во Известувањето толку материјални грешки и нелогичности Советот треба да расправа во врска со одговорот на Министерството за транспорт и врски на заклучокот на Советот од минатата седница, истакна советникот Томислав Тунтев.
Тунтев кој инаку е доктор по сообраќајни науки е еден од најжестоките критичари на состојбите во водниот сообраќај Тој на неколку пати во екот на бродската криза во јавноста изнесуваше мислења и предлози за надминување на проблемите во езерскиот сообраќај што предизвикаа голем број несреќи со смртни последици на Охридското Езеро во изминатите неколку сезони. Недефинираните водни патишта, немањето сигнализација, радио врска, недоволната контрола…се само дел од проблемите кои придонесуваат за хаосот во езерскиот сообраќај, ќе истакне Тунтев во една од бројните изјави на темата дадени ова лето. Критики има и од други стручни лица, а голема дебатата се очекува и на утрешната седница на Советот, иако оваа институција нема ингеренции над езерскиот сообраќај.