Бродската криза ќе ги погоди и Струшките вечери на поезијата. Вообичаено  секоја година поетите одат со брод во Св. Наум на дружење, каде се пишува и песната на виното. Годинава тоа ќе мора да го направат со автобус или со помалите пловни објекти. Во официјалната програма на фестивалот стои дека излетот на поетите во Св, Наум ќе се одржи во недела, а ќе се реализира со брод и автобус. Поради забраната за пловидба што Капетанијата им ја изрече на охридските бродари, голем број манифестации, конгреси и семинари мораа да ги променат програмите во кои речиси редовно е вклучена прошетка со брод на учесниците.


OhridNews
фото: Васко Бујароски