Сезонава како ни една до сега на пристаништето во Охрид владее хаос во поглед на организацијата на всидрувањето на бродовите и пречекот на туристите кои сакаат да се возат со пловилата по езерото.

Бродовите се паркираат кој како ќе стигнат, без ред и еднсотавно кој прв ќе зафати место,. Неретко стојат паркирани еден покрај друг и туристите доколку сакаат да влезат во еден брод мора да поминуваат низ друг брод паркиран веднаш до него. Ваквиот хаос некогаш создава нервоза и тензии меѓу самите бродари и прави да се создава една грда глетка пред туристите каде бродарите буквално се грабаат за секој гостин.


Хаос на пристаништето

Денес со цел да се надминат проблемите бродарите и сопствениците на бродови одржале состанок со капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски, на кој се постигнал компромис бродовите да се паркираат по одреден редослед кој ќе се направи и ќе се менува секојдневно.

Се договоривме бродовите да се паркираат по однапред зададен редослед и денес очекувам бродарите и сопствениците да го потпишат овој записник по што со правната служба ќе изнајдеме начин да изрекуваме санкции и казни ако некој не го почитува договореното. Исто така се договоривме да се измени начинот на кој до сега се продаваа картите и тие во иднина ќе се продаваат само на брдовите, а не  по целото пристаниште – вели капетанот Настоски. Тој смета дека државата треба да го даде пристаништето на стопанисување на Локаланта самоуправа со цел подобро да се менаџира.

– Ставот на Локалната е дека крајбрежјето треба да припадне на општината, но предлогот капетнаот Настоски треба да го даде во неговото министерство. Ние не можеме да стопанисуваме со пристаништето  додека крајбрежјето не и се врати на Општина Охрид, велат од Локалната. „Врз база на што да стопанисуваме, врз наша желба или врз желбата на капетнот?  Се согласуваме но тоа е само сегмент од ставот дека целото крајбрежје и езерото па и пристанитшето треба да се на локалната но, таа не може тоа да го направи самоволно, туку државата и ресорното миснитерство согласно законот треба да си донесат решенија и тогаш нека упатува некој на локаланата. Депласирано е во инцидентите кои се случиле или не се случиле помеѓу бродовите Глаеб, Кристина  и Македонија да се инволвира локаланата. Општината не е инволвирана страна и можиме само да жалиме во име на граѓаните и гостите што поединци и групи прават сцени кои оставаат неубав впечаток, но тоа е работа на капетанот Настоски  и Полицијата,“ вели Никола Манески од одделението за односи со јавност во локалната самоуправа.

Бродарите велат дека останува само да се надеваат дека некогаш државата ќе се одлучи да изгради марина или да го проишири постојното пристаниште кое мора што поскоро да го зголеми својот капацитет.

Ние „Галеб“ секогаш го паркиравме на истото место, но сега бројот на бродови е зголемен и не се  само 2 брода туку се 6 или 7 кои редовно пловат. На пристаништето се прави голема гужва и хаос и неретко се доаѓа во ситуација кога бродовите може да се судрат меѓусебно. Така пред некој ден на нас налета друг брод и благодарение на вештината на капетанот се избегна поголема несреќа – вели Игор Цветковиќ, менаџер на Бродот Галеб.

Во Охрид последниве години се зголеми бројот на бродови, поголемиот дел од нив некако успеваат да се паркираат на пристаништето но дел од нив и не се ни обидуваат. Уште полоша е состојбата со пристаништето во Св. Наум, што наметнува потреба од итно решавање на овој проблем.

Љупчо Танески