По повод верскиот празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, бродовите „Александрија“ во петок, 20 септември, ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 200 денари во двата правци (повратна карта).
Картите ќе се продаваат на градското пристаниште.
Поаѓањето за Калишта е од градското пристаниште во Охрид во петок во 19:30 часот, а враќањето е околу 22:30 часот.
OhridNews