По повод големиот верски празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, бродовите „Александрија“ 1 и 2 и „Галеб“, вечерта на 2 јули, вторник, ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по празнична цена од 300 денари.
Карти за Св. Наум по празнична цена кои се во ограничен број, за вторник, можат да се купат денеска преку целиот ден и утре до 13 часот на Градското пристаниште.
Поаѓањето за Св. Наум во вторник е во 19:30 часот од Градското пристаниште, додека терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.
Г.М.