Новиот брод на познатиот бизнисмен и сопственик на А1 телевизија, Велија Рамкоски,(CAN)заглави на првото патување откако поради преголема тежина приколката на која беше пренесуван пропадна во песок на плажата кај Грашница.

Работници вчера со часови се обидуваа да го одглават бродот, а акцијата продолжи и во текот на ноќта.


од преголема тежина бродот заглави во песокот

Бродот на Велија Рамкоски се реновираше во изминатите месеци во охридската фабрика АМАК ни изјавија работниците кои ги затекнавме кај Грашница. Тие не информираа дека бродот е комплетно обновен, за надворешните делови била користена специјална смола и други матерјали кои како и новиот мотор биле увезени од Турција, додека внатрешноста била уредена со махагон и други вредни матерјали. Се проценува дека во обновата на бродот се инвестирани околу 300.000 евра.

Не успеавме да ѕирнеме во внатрешноста зошто неколку непознати лица не сакаа повеќе да го сликаме бродот зошто како што ни рекоа за тоа ни требало дозвола бидејќи бродот бил приватна сопственост. На нашето прашање што толку таинствено кријат и зошто не сакаат јавноста да го види бродот кој ќе плови по Охридското Езеро, тие немаа одговор.

Дознаваме дека сопственикот имал ситни проблеми и со обезбедувањето на потребните документи за пуштање на бродот во употреба, но комплетната процедура вчера конечно била завршена по што започнал транспортот до Охридското Езеро.

Во јавноста месеци наназад кружеа различни информации за овој брод, а според читател на „Ohridnews“ чие писмо е објавено во рубриката писма се работи за бродот порано познат како  „Први Мај“ за кој одредени медиуми објавија дека е исчезнат и дека  надлежните од капетанијата  не знаат каде е бродот за кој се тврдеше дека е во сопственост на јавното комунално претпријатие.

Горан  Момироски