По исправувањето, бродот Коста Конкордија ќе биде „претресен“ од јавен обвинител или негов претставник пренесуваат странските медиуми.


Наводно, експертите проценуваат дека со бродот потонале десетици милиони долари во банкноти и накит, а за тие да бидат вратени на сопствениците веднаш ќе бидат отворени над 1,500 сефови кои се наоѓаат во внатрешноста на Коста Конкордија.

Многу од луѓето кои се наоѓале на бродот се сомневаат дека нивните пари и накит ќе бидат вратени, но исто и во каква состојба ќе се наоѓаат по изминати 20 месеци под вода.