“Илинден“ бродот кој денеска потона во водите на Охридското езеро, е стар 85 години, а произведен е во 1924 година во Регенсбург, Германија.  Како што велат од охридската капетанија тој поседувал уредна документација.


Последниот технички надзор на бродот бил извршен во мај годинава, е дозвола за пловидба имал до мај наредната година. Бродот „Илинден“ според документацијата, бил регистриран за превоз на 43 патници.

Сопственик на бродот е охриѓанецот Димитар Филевски, а во моментот на несреќата го управувал неговиот 23 годишен син Сотир.

ohridnews