На бродот “Галеб“ денеска се одржа презентација за туристичките агенции и водичи од Охрид и Струга. Ова е прва од серијата презентации на бродот “Галеб“ како туристичка атракција. Како дел од ексклузивната понуда на овој брoд денеска беше промовиран и ВИП салонот кој нуди можност за организација на семинари, мини презентации и бизнис состаноци.
Бродот „Галеб“…
На денешната презентација поканети беа туристички работници од Охрид и Струга, а предвидено е да се организира уште една презентација за хотелиерите и претставниците на државниот протокол и бизнис заедницата во земјава.
…и новиот VIP салон
Само за одбрано друштво. Палуба на „Галеб“
Бродот „Галеб“ во иднина ќе биде ставен на располагање на политичарите и стопанствениците, изјави Љупчо Танески, портпарол на компанијата АМАК, која стопанисува со бродот.
Бродот „Галеб“, компанијата АМАК го купи за 122.000 евра на лицитација, а во него се инвестирани околу 400.000 евра.
ohridnews