По завршувањето на средбата, за OhridNews, Претседателот на Здржението на бродари Горан Устијаноски изјави дека бродарите се задоволни од текот на средбата. – Не сакаме да откриваме детали од разговорот , но сме оптимисти дека проблемот наскоро ќе биде решен. И понатаму ќе останеме во контакт со министерството со цел за што побрзо изнаоѓање на соодветно решение, рече Устијаноски.
Инаку, охридските бродови од 17-ти јули се закотвени во пристаништето поради забраната за пловидба што им ја изрече Капетанијата, затоа што им истече регистрацијата. Поради ваквата одлука, бродарите дневно трпат загуба од околу 400 евра.
Вкупната загуба на бродовите „Галеб“, Кристина“, Александрија“ и „Македонија“, до сега се проценува на над 15 000 евра и секојдневно се зголемува.