Бродарите повторно ќе протестираат, државата ги повика да го почитуваат законот
31.07.10 00:06
Сопствениците и посадите на бродовите „Галеб“, „Александрија“, „Македонија“ и „Кристина“, денеска ќе одржат уште еден протест пред Капетанијата на пристаништата, незадоволни од одлуката за забррана за пловидба, што таа им ја изрече на 17-ти јули, поради тоа што им е итечена регистрацијата. Бродарите упатиja и покана за средба до градоначалникот Александар Петрески и охридските пратеници, со цел тие да ги ислушаат нивните ставови и барања.
Бродарите се незадоволни што државата ги упатува техничкиот преглед и регистрација да ги извршат во француската компанија „Биро Веритас“, чии цени, според нив, се превисоки за македонски услови. Тие не се оптимисти дека проблемот ќе биде решен и сметаат дека оваа туристичка сезона за нив е пропадната. За тоа најавија дека ќе бараат отштета од државата, но и одговорност од Капетанијата, која според нив е главниот виновник за лошите состојби во внатрешната пловидба.
Патничките бродови две недели се закотвени во пристаништето
Се огласи и Министерството за транспорт и врски, кое ги повика охридските бродари да ги почитуваат законите.
– Апелираме и ги повикуваме сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро кои планираат да вршат превоз на патници во внатрешната пловидба да ги почитуваат законските прописи утврдени со Законот за внатрешна пловидба и да ја обезбедат потребната техничка документација за да можат да учествуваат во водниот сообраќај.
Потсетуваме дека внатрешната пловидба на Република Македонија е регулирана согласно законодавството на Европската Унија и пловните објекти кои оперираат треба да бидат сертифицирани од една од организациите кои се на листата на Европската Комисија на реномирани организации кои се овластени да вршат технички преглед и сертифицирање на пловните објекти.
За Министерството за транспорт и врски е најважно доследното спроведување на законот, а со самото тоа и безбедноста на патниците во внатрешната пловидба, отука нелегитимните форми на притисок кои се користат и обидите за манипулација со јавноста во однос на причините заради кои не можат да вршат пловидба четворица сопственици на бродови во Охридското Езеро, нагласуваме дека нема да го поколебаат Министерството за транспорт и врски да отстапи од имплементирањето на законската регулатива во оваа област, која е усвоена од страна на Собранието на Република Македонија и усогласена со законодавството на Европската Унија и согласно која за оние кои ги прекршуваат законските одредби се предвидени соодветни санкцкии. – се вели во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Вчеравечер, малата сала на Центарот за култура “Григор Прличев” беше претесна да ја собере публиката која дојде да го прослави деветтиот роденден на Импровокација, заедно со целиот тим ...
Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од уметникот Љубен Цветкоски Деновиве во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ излезе од печа...
Шест златни и тринаесет сребрени медали за охридските бреинобреин генијалци на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар Истиот се одржа на онлајн платформа за учениците кои не можеа да присуств...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.