Брод кој пренесувал десетици луѓе исчезнал на брегот на Борнео, соопштија малезиските поморски власти. Бродот загубил контакт по тргнувањето од Кота Кинабалу, главниот град на Сабах. Бродот се упатил кон популарниот туристички остров Пулау Менгалум, кој е на 60 километри одалеченост од градот. Капетанот и член на екипажот биле денеска пронајдени живи.

Продолжува потрагата по 28 кинески патници на бродот. Но, силните ветрови ги спречуваат напорите на спасувачките тимови. Инцидентот се случи за време на прославата на кинеската нова година, која трае цела недела и која се одбележува и од етничките Кинези во Малезија.

OhridNews
извор РСЕ