Повеќето мажи одамна го поминале периодот на правење бродови од хартија, но тоа не би можело да се рече и за концептуалниот уметник Френк Болтер, кој дизајнирал брод од хартија, но за жал доживеал разочарување кога го пуштил во вода. Болтер направил брод долг 8,2 метри користејќи тетрапак пакувања, но за жал бродот потонал уште на првото патување.
Овој концептуален уметник и дизајнер одлучил да го испроба својот брод во каналот Карк-Хајне во Лајпциг, Германија, но бродот потонал по неколку часа, а со него и капетанот, односно Френк Болтер. Ова инаку не е прв негов обид да плови во бродови од хартија, бидејќи нешто слично се обидел и минатата година на реката Темза во Лондон, во рамките на една уметничка изложба.