Во периодот од 12 до 18 септември Центарот за јавно здравје Охрид подготвил 116 брисеви за тест за присуство на Ковид 19 од лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, кои се анализирани во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје. Од вкупно тестираните лица, пак, во сите лаборатории во овој период, дијагностицирано е присуство на Ковид 19 кај вкупно 47 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, кај 24 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар.

Во овој период оздравени се 21 лице од Охрид, 10 лица од Струга и 2 лицa од Дебар. Починати се 7 лица и тоа 3 од општина Охрид, 5 од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 48, во Струга 64, а во Дебар 40. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 18 септември, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 1315 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 401 лице во општина Охрид и Дебрца, 639 лице во општина Струга и Вевчани и 275 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравеле 335 пациенти од Охрид, 518 од Струга и 222 од Дебар и Центар Жупа. Од општина Охрид и Дебарца има 18 починати пациенти, од општина Струга се починати 57, а од Дебар и Центар Жупа се починати 13 лица, информира Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews