Пандемијата на коронавирусот Ковид 19 го зафати речиси целиот свет и целосно го промени животот на луѓето. Бројот на заболени денеска надмина 1 милион и забрзано расте.

Најмногу заразени има во САД, каде ситуацијата станува драматична. Само денеска во оваа земја се регистрирани 25.061 нов случај, со што вкупниот број на заразени се искачи на 240.064. Во САД изминатото деноноќие починале 698 лица, а 5.800 од почетокот на пандемијата.

Здравствените работници алармираа дека доколку продолжи сегашниот тренд на заболени, земјата за шест дена ќе се соочи со недостиг од респиратори. Економските експерти, пак, предупредуваат дека САД ги очекува најголемата рецесија во историјата на државата.

И натаму најголемите жаришта во Европа се Италија и Шпанија. На Апенинскиот полуостров денеска од коронавирус починаа 760 лица, а на Пиринејскиот 709. Вкупниот број на починати во Италија надмина 13.000, а во Шпанија 10.000. Голем број жртви во последните 24 часа бележи и Франција каде почина 471 човек.

Во регионот, претседателот на Србија Александар Вуќич вечерва најави нови порестриктивни мерки за справување со пандемијата. Се воведува продолжен полициски час во оваа земја во викендите, кој ќе започнува во сабота во 13 часот и ќе трае до понеделник во 05 часот утрото. Во Србија до денес има 31 артва од коронавирусот, а бројот на заразени достигна 1171.

Г.М.