Пријавувањето за рекреативната трка на 5 километри во склоп на Атлетската манифестација Охрид трчаТ заврши, откако се пополна предвидената бројка за учесници.
Слободни места преостануваат за полумаратонот (21 километар) кој за прв пат ќе се одржи на улиците во Охрид. Пријавување и подетални информации за интернет страна оhridtrcat.mk.
Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе се одржи од 28 до 30 август.
OhridNews