Во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 од кои 3 во Охрид, каде изминатото деноноќие во статистиката на Институтот за јавно здравје е евидентиран единствениот смртен случај на пациент кој починал во болнички услови.
И натаму најмногу нови случаи има во Скопје – 30, следат Куманово – 20, Гостивар 19, Штип 15, Струга – 8…
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 119102 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста.
OhridNews