Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, од кои eден во Охрид. Најмногу новодијагностицирани има во Скопје 87, по што следат: Куманово 7, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 8, Охрид 1, Кавадарци 1, Демир Хисар 1, Гостивар 8, Струмица 1, Кратово 1, Свети Николе 9, Кичево 3, Ресен .
Во земјава регистриране се и 8 починати лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица, меѓу кои нема ниту едно од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.
OhridNews