Во последните 24 часа, во земјава се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи со Ковид-19, од кои 19 во Охрид. Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје-174, по што следат Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10.

Починати се 46 лица, деветнаесет пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г), еден од Дебар (74г), еден од Штип (81г) и еден од Прилеп (83г), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г), двајца од Струга (61 и 61г), тројца од Велес (68, 68 и 59г), тројца од Охрид (71, 89 и 57г), еден пациент од Кавадарци (64г), еден од Гостивар (59г), тројца од Струмица (73, 75 и 83г), двајца од Кочани (82 и 70г), еден од Демир Хисар (71г), еден од Македонски Брод (64г) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67г). Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравен пациент 24 од Охрид.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579. Во Охрид од почетокот на пандемијата регфистрирани се 1888 случаи, а активни се 558.

OhridNews