Во во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на Ковид 19 во, од кои 4 во Охрид, 8 во Струга, информира Министерството за здравство. Најмногу нови случаи има во Скопје 277, Струмица 30, Прилеп 26, Гевгелија 24, Штип 22, Кумановo 17…
Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти, 2 од Охрид и 4 од Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 22170, бројката на оздравени пациенти е 16758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4597.
OhridNews