Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, регистриран е 301 прекршок за неносење заштитна маска, од кои 14 во Охрид, информира МВР.
Казната за овој прекршок изнесува 2 евра во денарска противвредност, односно 10 евра доколку истата се плати во рок од 8 дена.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
OhridNews