До само пред десеттина дена во Општата болница во Охрид имаше над 100 хоспитализирани суспектни на Ковид 19, а голем дел од нив беа на кислородна поддршка. Тој број значително опаѓа и денеска во Општата болница во Охрид која е ковид центар, вкупно се хоспитализирани 65 пациенти суспектни на Ковид 19, информираат од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1072 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, исталнуваат од Министерството за здравство.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

OhridNews