Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.650 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи со Ковид-19 од кои пет во Скопје и еден во Кичево.

Регистрирани се 27 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов во Охрид има 9 активни случаи.

Од 12 јули вакцинација против Ковид-19 и без закажан термин

Министерството за здравство соопшти дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Од Министерството посочуваат дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин без оглед дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk .

Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk , информираат од Министерството.

OhridNews